Традиционално добрите односи во културата помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, беа потврдени на средбата на министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот на БиХ во земјава, Драган Јаќимовиќ.
Во пријателскиот разговор стана збор за начините и конкретните активности кои ќе придонесат за интензивирање на ионака плодната соработка која се одвива во сите дејности од културата со размена на музички групи, фолклорни ансамбли, ликовни уметници, театарски гостувања.