Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Анке Холштајн, на денешната средба ја потврдија заложбата за продолжување на добрите односи во областа на културата меѓу двете земји.
Стана збор за можноста за зацврстување на соработката во областа на заштитата на културното наследство, како и за начините за поголема поддршка на младите во сферата на културата и уметноста.