Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска (13.3.2024 г.) ќе оствари работна посета на Општина Чучер–Сандево каде што во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе изврши увид на проектот и локацијата за изградба на мултифункционална сала на Домот на културата „Сандево“.
Проектот е финансиран преку Програмата за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа, за што преку Министерството за култура се обезбедени средства во износ од 11,3 милиони денари.
Посетата ќе започне со средба со градоначалникот Сашко Комненовиќ во општинската зграда во 11:00 часот. Потоа ќе следува обиколка на просторот каде што ќе се гради Домот на културата.
Изјави за медиумите на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска и на градоначалникот на Чучер–Сандево, Сашко Комненовиќ, се предвидени во 11:30 часот.
На настанот ќе бидат присутни и вработени во Домот на културата.