На Летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, денеска во 20:00 часот ќе се одржи меѓународната поетска манифестација “Лирски треперења”.
Манифестацијата ќе донесе стихови од бројни македонски автори и автори учесници од соседните држави.
Ќе се чита поезија од искусни и современи поети од Штип , Струмица, Скопје, Крива Паланка и Ќустендил, надополнета со поезија од надежните млади поети од Крива Паланка.