Во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ, денеска и утре (8 и 9 октомври) во Скопје ќе се одржи Меѓународната конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“.
Свеченото отвoрање и работниот дел на Конференцијата, која е дел од програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ на Советот на Европа, ќе се одржат во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со почеток во 10:00 часот.
Присутните на настанот ќе можат да ја проследат и изложбата „По трагите на Свети Кирил и Методиј“, во организација на Амбасадата на Република Словачка во Скопје, Институтот за македонска литература и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.