Фестивалот на детски забавни песни Радика-Фест 2024 пред преполна публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, на крајот на минатата недела го одржа своето 15-то издание.
Фестивалот го отвори директорот Зинче Мимидиноски, а на програмата учествуваа околу 40 деца од Дебар и дебарско, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид кои изведоа 16 нови авторски композиции.
Стручното жири на фестивалот во состав Меџит Муслиовски, Емин Мемишоски, Неџат Мимидиноски, Филип Василевски и Алберт Салиу доделија награди од стручното жири, награди за најдобар вокал, награди за најдобар сценски настап, награда од публиката, награда за најдобар дебитант, за најдобар дует, бест талент и бест хит.
Победник на Фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика-Фест 2024 е Мелда Кадри од Дебар која ја испеа прекрасната песничката „Рок ен рол“. Наградата од публиката ја освои Надија Нурединоска од с.Д. Косоврасти, наградата за најдобар вокал ја доби Елина Смајлоска од Боровец, наградата за најдобар сценски настап ја доби Ада Кадриоска од Струга, наградата за најдобар дебитант ја доби Берна Фејзули од општина Маврово-Ростуше поточно од Ростуше, наградата Бест талент ја доби Бида Оручоска додека БЕСТ ХИТ ја доби Нела Беќировска.
Гости во програмата на фестивалот ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар.
Директорот на фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика Фест 2024 година уште еднаш се заблагодари за финансиската поддршка од Министерството за Култура на Република Северна Македонија, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, Општина Маврово-Ростуше, МЦМС, Дебарски Бањи Цапа Дебар како и на поддршка на Центарот за ултура Дебар каде уште од 2010 година е и самото седиштето на фестивалот Радика Фест.