Македонската академија на науките и уметностите го обнови веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик.
На веб-порталот има дигитални речници на македонскиот јазик, двата зборника за македонскиот јазик од 2020 година (Континуитет на МЈ и Погледи за МЈ), а успешно се поставени и сите стари книги и речници, како и монографии за македонските дијалекти.
Исто така, поставени се и заштитени Целокупните дела на Блаже Конески, кои постојано се мета на хакерски напади.
Воедно, Дигиталните ресурси на македонскиот јазик се збогатени и со двата тома на Лингвистички студии за македонскиот јазик од проф. Лилјана Минова-Ѓуркова.