Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ ќе се прикажува ширум светот

од admin_kult

Огромен успех доживеа македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски кој ја имаше светската премиера на престижниот филмски фестивал Санденс, каде што ги освои Специјалната награда на жирито за креативна визија и наградата од публиката.

Филмот веќе е продаден во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Белгија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија, Израел и цела поранешна Југославија, објави „Варајати“, дополнувајќи дека во тек се преговори и за други територии.

„Диџеј Ахмет“ е драма во која станува збор за 15-годишно момче од јуручко село во источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе