Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи од вкупно 66 земји учеснички на Венециско биенале! 

од admin_kult

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune! 

На Арсенале, Македонија се претстави со проектот Strada Brutalissima под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ. Проектот отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество. 

 „Овој павилјон не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж. Горди сме на сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект кој достојно ја претставува Македонија на светската културна мапа” – рече Љутков.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе