Претставата „Варвари“, дело на рускиот писател Максим Горки, во режија на Владимир Милчин, што се поставува на големата сцена на МНТ, својата премиера ќе ја има на 14 октомври 2025 година.
Во претставата игра многубројна актерска екипа од 23 актери: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања Кочовска, Александар Микиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јордан Симонов, Сашка Димитровска, Емил Рубен, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ивица Димитријевиќ, Александар Михајловски, Jана Вељановска и Стефан Спасов. Од нив, повеќето се студенти на проф. Владимир Милчин, режисерот на претставата.
Делото „Варвари“ за првпат се поставува на театарската сцена во Македонија.