Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на III балкански театарски фестивал во Благоевград, Бугарија.
Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.
Претставата ќе се одигра вечер (5 ноември), а фестивалската програма, од 1 до 7 ноември, е насочена кон извонредни театарски достигнувања и вклучува и претстави од Романија, Србија, Бугарија и од Словенија.
Инаку, Балканскиот театарски фестивал е еден од најголемите настани во културниот календар на Благоевград кој, традиционално, вклучува и програма со размена на проекти на млади режисери, изложби, концерти и дигитални инсталации.