Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски и директорот на Националната опера и балет, Оливер Арсовски, потпиша Меморандум за соработка меѓу двете институции.
Со потпишувањето на меморандумот двете институции ја потврдија подготвеноста за развивање партнерски односи, дефинирање на конкретни програмски активности, како и подобра соработка во областа на стручен кадар или кадар на обука или дообука во доменот на сценско-техничките активности, како и учество на фестивали и за развивање и управување со проекти финансирани од Европските фондови.