Македонскиот КИЦ во Софија го одбележува 24 Мај и го претставува рециталот „Светопис за сесловените“ од проф. д-р Зоран Пејковски

од admin_kult

По повод одбележувањето на еден од најзначајните датуми во словенската духовна и културна традиција – 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе биде претставен рециталот „Светопис за сесловените“, посветен токму на светите браќа Кирил и Методиј, односно 1.140 години од раѓањето на Методиј и 1.163 години од Моравската мисија, преку која беше поставен темелот на словенската писменост и духовност.

Имено, поетскиот чин претставува длабок духовен и културен омаж на делото на првоучителите и писмотворци, кои со својата мисија го преобразија духовниот пејзаж на целиот словенски свет. Рециталот ја афирмира нивната жртва, визија и писменост, која не само што ја оформуваше азбуката, туку и го обликуваше идентитетот на генерации народи и култури, така што преку длабоко симболичен поетски јазик, се воздигнува нивната мисија.

По рециталот „Светопис за сесловените“ проф. д-р Зоран Пејковски ќе одржи предавање на тема: „Светите браќа Кирил и Методиј – темелот на словенската писменост, култура и духовност“.

Овој настан е не само културен, туку и духовен мост кон минатото, сведоштво за наследството кое не обврзува да се сеќаваме, да го негуваме, и да го продолжиме патот што тие го трасираа.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе