Патувачкото кино на МакеДокс своето 12. издание ќе го почне со прикажување документарни филмови во Кратово и с. Шлегово на 25 и 26 јуни.
Годинава Патувачкото кино ќе се реализира во текот на четири викенди во месеците јуни, јули и септември, а ќе се одржи во Североисточниот регион на Македонија.
Покрај Кратово (25 јуни) и с. Шлегово (26 јуни), Патувачкото кино во јули ќе прикажува документарни филмови во Штип (2 и 3 јули), како и во с. Оризари (9 јули) и Кочани (10 јули). Последната сесија годинава ќе се случи во септември со проекции во Виница (3 септември) и во с. Пекљани (4 септември).
Проекциите се под отворено небо, ќе почнуваат во 21 часот, а влезот е бесплатен.