Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој се одржа од 23 до 27 мај, ги додели признанијата за најдобри изданија во изминатите две години.
– Наградата за најдобра сликовница ја доби „Невидлива куќа“, по текст на Билјана Црвенковска, со илустрации на Ване Костуранов, во издание на „Чудна шума“ од 2021 година. Признанието за најдобра илустрација го доби сликовницата „Страшна ноќ“ на Наташа Андонова, работена по текст на Славко Јаневски, издание на „Темплум“. Признание за најдобар текст доби „Ведра“ на Јулијана Величковска, со илустрации на Марио Каев, издание на „ПНВ Публикации“. За најиновативно издание е прогласена „Ветерната приказна“, графичка новела по текст на Ника Гавровска, со илустрации на Наташа Андонова, издание на „Гаврош“ – се наведува во соопштението.
Фестивалот се реализираше и со поддршка од Министерството за култура.