Ликовната изложба „Гумено време“ на авторката Ана Ивановска ќе биде отворена во вторник, 15 април, во 19:00 часот во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, Турција.
Ана Ивановска (Скопје, 1982) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство (2006). Во 2007 год. завршува на Педагошкиот оддел, а во 2011 ги завршува постдипломските студии на отсекот сликарство на истиот факултет.
Ана Иванова досега реализирала 22 самостојни и над 150 групни изложби во Македонија и во странство.