Кумановскиот театар со „Како што сакате“ (Ноќ спроти Водици) гостува во Прилеп

од admin_kult

В петок, 31 јануари, во 20:00 часот на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе биде изведена претставата на кумановскиот театар „Како што сакате“ (Ноќ спроти Водици) во режија на Срѓан Јанаќијевиќ.

Во претставата играат: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид Илиќ и Никица Јанковски.

Драматург е Симона Тоскиќ, сценограф е Марија Ветеровска, костимите се на Лидија Георгиева, а музиката е на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски.

„Како што сакате“ е современа адаптација на драмата на Вилијам Шекспир „Ноќ спроти Водици“, опишана како негова најсмешна комедија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе