По повод почетокот на културната манифестација „Град на културата“, денеска (22.5.2023 г.), со почеток во 14:00 часот, пред споменикот „Македониум“ (во зависност од временските услови – „Спомен-куќа на Тоше Проески“) во Крушево, ќе се одржи прес-конференција.
На прес-конференцијата за почетокот на манифестацијата „Град на културата 2023“ која годинава ќе се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, и за програмските содржини ќе говорат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.
Манифестацијата „Град на културата“ ќе започне на 26 мај 2023 г. со настан кој ќе ја најави годината на културна фузија на Крушево.