Кога ми припадна честа и одговорноста да го предводам Министерството за култура ветив дека од таму ќе заминам со крената глава. Ветувањето го одржав и со должна почит, како своевиден отчет, сакам да Ве информирам за она што како министерка, заедно со моите соработници во кабинетот, и со колегите во Министерството, успеав/ме да го реализирам/е во изминатите 16 „пандемични“ месеци.
I. Хронолошки, првите големи системски потфати се одвиваа на следниот начин:
- После 15 години е применет новиот Колективен договор за вработените во културата;
- Во првиот месец од мандатот беа исплатени заостанатите плати на 3600 културни работници;
- Во услови на КОВИД пандемија, сите институции продолжија да функционираат според протоколите и вработените добиваа 100 % плата;
- Го консолидиравме и стабилизиравме буџетот на Министерството. Не беа направени нови долгови, а голем дел од наследените долгови се подмирени.
- Во 2021 година реализацијата на вкупниот буџет во Културата изнесува близу 97%;
- Обезбедивме рекорден буџет за заштита на културното наследство во 2021г.;
- Отворивме нова буџетска програма за културно наследство во опасност;
II. Понатаму, останатите битни мерки и политики се одвиваа според наведената динамика:
- Формиравме функционален Националниот совет за заштита на културното наследство;
- Формиравме фунцкионална Националната комисија за соработка со УНЕСКО
- За скопскиот Аквадукт обезбедивме највисок степен на заштита и средства за конечно да започне неговата конзервација и реставрација;
- Го инициравме и буџетиравме процесот за заштита и конзервација на низа (нај)значајни споменици и локалитети кои со години биле запоставувани. На пр. црквите во Курбиново и Матејче, Лешочкиот манастир, црквата св. Пантелејмон-Нерези, Вардарски рид, Била Зора, црквата во Трескавец, џамијата во Битола, сарајот на Нијази бег во Ресен (Центар за култура „Драги Тозија“), куќата на Лазар Личеноски…
- Црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново е запишана на прелиминарната листа на УНЕСКО.
- Го инициравме, и во соработка со ФИТР го започнавме процесот на Дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со цел да се сочуваат и заштитат милионите јазични записи коишто имаат историска и научна важност.
- Изготвивме нацрт- Закон за заштита на културното наследство;
- Гоизготвивме и предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за авторското право и сродните права кој е во собраниска процедура;
III. Меѓународна активност и соработка со УНЕСКО
- Во рамки на редовната комуникација со странските ДКП, во 2021 година реализиравме 30 протоколарни и работни средби со странски амбасадори акредитирани во Република Северна Македонија.
- Склучивме Меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици во Солун, (Грција) во доменот заштитата на културното наследство, врз основа на кој се обезбедивме финансиска и експертска помош за црквата во Курбиново.
- Воспоставивме платформа за соработка со Република Албанија која гарантира имплементација на сите мерки во заштитата, на двете страни од Охридското езеро.
- Охридскиот Регион остана на листата на УНЕСКО како заштитено светско природно и културно наследство, што е голема обврска за периодот што претстои за централната и за локалната власт, но и за невладиниот сектор.
- Во рамките на двогодишната Програма за партиципација на УНЕСКО за 2020 – 2021 година од поднесените 7 предлог-проекти за финансиска поддршка беа одобрени 4 проекти со вкупен износ од 72.000 долари.
- Ги усогласивме текстовите на билатералните документи со Италија, Косово, Португалија, Австрија, Хрватска, Египет, Мексико и Катар. Усогласен е и текстот на Договорот за отворање на Културно-информативни центри во Република Северна Македонија и Република Србија.
- Потпишани се Спогодби/Договори/Меморандуми со Унгарија, Албанија, Грузија.
- Започна со активна работа Културно-информативниот центар во Тирана, а беше донесена одлука за отворање на Културно-информативен центар во Загреб. Програмата на центрите во Софија и Истанбул, со мали исклучоци, беше комплетно реализирана.
- Во календарот на УНЕСКО беа прифатени јубилеите „100 години од раѓањето на Блаже Конески“ и „50 години од смртта на Параскеви Кирјази“. Одбележувањето на јубилејот за Блаже Конески, кое траеше во текот на целата година, започна во седиштето на УНЕСКО во Париз, на светскиот ден на поезијата, со организирање на повеќејазична трибина посветена на Конески;
- Инициравме национална платформа за одбележување на годината на Конески; подготвивме и реализиравме програма со различни содржини во чест на Конески.
- На Биеналето на архитектурата во Венеција, нашата држава беше претставена со проектот „Како ќе живееме заедно“ на Друштвото за проектирање, инженеринг и услуги „Бина архитектура Дооел“, чиј носител беше Националната Галерија-Скопје.
- На средбите со раководните лица во француското Министерство за култура и со директорите на неколку значајни културни институции се договоривме за:
- воспоставување на директна институционална соработка за спроведување обуки на кадри за заштитата на културното наследство; вклучување на македонски кандидати во програмата „Residence culture“ на француското Министерство за култура;
- обука на кадри од Министерството за култура на Северна Македонија за аплицирање во европските фондови и лоцирање на проекти за заеднички координиран настап;
- Отпочнати се подготовките за реализација на повеќе значајни активности во 2022 година – изложба на икони од галеријата во Охрид во престижниот музеј Petit Palais во Париз;
- Од 9 до 24 ноември 2021 година во Париз, во седиштето на УНЕСКО, се одржа 41. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, на која учествуваше официјална делегација од Република Северна Македонија. Во рамките на програмата за одбележување јубилеи за 2022 – 2023 година беше потврден и јубилејот „100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов“.
- Потпишана е новата програма за Креативна Европа 2021-2027 година. Со пристапувањето во новата програма, нашата држава преку надлежните владини органи, Министерството за култура (координативно тело) и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија (партнер организација) ќе продолжи да го спроведува третиот програмски циклус на единствената програма на Европската Унија наменета за културните, креативните и аудиовизуелните сектори. Програмата ја препознава културната разновидност како главен приоритет преку кој треба да се одговори на предизивиците со кои денес се соочуваат релевантните сектори. Останати приоритети на Програмата се: заштита, развој и унапредување на културната и јазичната разноводност и наследство како и зајакнување на конкурентноста и економскиот потенцијал на културните и креативните сектори и на аудиовизуелниот сектор.
- Интензивно работевме на подготовките за претставувањето на Република Северна Македонија на DUBAI EXPO 2020 (октомври 2021 – март 2022).
IV. Во однос на капиталните инвестиции ги спроведовме следниве потфати:
- Пристапено е кон втората фаза од изградбата на Турскиот театар во Скопје;
- Пристапено е кон реализација на следната фаза од изградбата на Театар и библиотека во Тетово;
- Се одвиваат завршни работи на Театарот во Струмица;
- Започната е втората фаза од реконструкцијата на Театарот во Куманово;
- Се одвива втората фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Кочани;
- Се одвива втората фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Гостивар;
- Во програмата за 2022г. е предвидена целосна реконструкција и санација на покривот на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски во Скопје, но и на други делови од НУБ.
- Со направените градежни активности, санации и други активности во текот на 2021г., зградата на велешкиот Театар, после 10 години од својата работа, конечно ќе добие технички прием за легално функционирање.
V. Во однос на подобрувањето на работата на Министерството, ги преземавме следниве чекори:
- Пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година за првпат се спроведе со примена на веб апликација;
- Ги усовршивме и прецизиравме мерилата и критериумите за пријавување на Годишниот конкурс како и отчетноста во извештаите за секој потршен денар на Националните установи и на другите корисници;
- Го формиравме Одделението за буџетска контрола во рамки на Секторот за финансии;
- Имплементиравме систем за управување сo квалитет т.е. се донесоа процедури за работа во сите сектори на министерството во согласност со стандардот ISO 9001:2015;
- Со поддршка на делегацијата на ЕУ во Скопје обезбедивме проект (TAIEX) за длабинска функционална анализа на Министерството за култура, Агенцијата за филм и Управата за заштита на културното наследство;
- Министерството за култура заедно со уште две други министерства, е избрано да биде пилот-министерство (во 2022г.), во процесот на реорганизација на државната администрација раководен од МИОА, а поддржан од IPA фондовите на ЕУ.
- Транспарентноста на Министерството за култура во 2021 бележи впечатлив скок во споредба со претходните години од 33% на 73 %.
- Имплементиравме голем дел од препораките на Државниот завод за ревизија од „Конечниот ревизорски извештај за 2019 година на Министерството за култура“;
На крајот, сакам да ја изразам својата благодарност до соработниците во кабинетот, до колегите во Министерството, до експертските комисии за Годишните конкурси, и до сите пријатели на Културата. Благодарност и за професионалната соработка со медиумите. Им благодарам и на амбасадорите на САД, Јапонија, Кина, Франција, ЕУ, Русија, Италија, Шпанија, Португалија, Турција, Италија, Грција, Србија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Германија, Израел, Египет, Мексико, Катар, Грузија и на Косово со кои остваривме плодна соработка.
Скопје, 16.01.2022 г. проф.д-р Ирена Стефоска