Костадиновска-Стојчевска: Јазикот е културно наследство во кое се обединуваат духовната и материјалната култура на човештвото

од admin_kult

– Јазикот и културата се столбовите на идентитетот на еден народ и на едно општество. Обврската да го зачуваме и да го негуваме нашиот јазик не е само долг кон нашите предци и нашите потомци, тоа е обврска на сите што го љубат, го почитуваат и го негуваат македонскиот јазик – рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска за време на посетата  на тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ во Општина Чаир, а  по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Таа додаде дека ова училиште е одличен пример за почитување на правата на националностите бидејќи, освен на македонски јазик, наставата се изведува и на албански и на турски јазик.

– Во имплементирањето на интегрираното образование главна алка се заедничките активности преку кои децата сѐ повеќе се запознаваат, ја запознаваат својата меѓусебна култура, својот јазик, а знаеме дека познавањето на секој јазик претставува непроценливо богатство – рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

На настанот по повод одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик, на кој присуствуваа и  државниот секретар во Министерството за образование и наука, Анета Трпевска, и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, беа изложени цртежи на тема „Спој на културата и јазикот низ призмата на учениците“,  а учениците читаа песни од познати автори на нивниот мајчин јазик.

ВИДЕО

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе