Министерката за култура денеска учествува на министерскиот состанок на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, кој се одржува во Цетиње, Црна Гора.
На состанокот, министри и други високи претставници од 13 земји ќе дискутираат на темата „Креативните индустрии како движечка сила за одржлив развој во областа на културата“.
Шефовите на делегациите ќе ги претстават секторите на креативните индустрии, поддршката обезбедена од соодветните министерства задолжени за култура и инфраструктурни услови за натамошен развој на секторот. Посебен акцент во дискусијата ќе биде ставен на проектите создадени од авторки и млади автори, како и на моделите за посилна поддршка на нивните идеи. Ќе се дискутира и за развивање на потенцијалот на регионалната соработка и вмрежување меѓу креативните претприемачи и уметници и да се создаде заеднички модел за засилување на нивната конкурентност во регионот и пошироко.
Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) беше инициран во 1996 година на состанокот на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ одржан во Софија, Бугарија. Целта на овој регионален форум за соработка е зацврстување на добрососедските односи меѓу сите учесници од Југоисточна Европа (ЈИЕ) и трансформирање на овој регион во областите мир, безбедност, стабилност и соработка, со главна цел целосна интеграција на ЈИЕ во европската и во евроатлантските структури.
Од јули 2022 година до јули 2023 година, Подгорица го презеде претседавањето со ПСЈИЕ по она на Атина. Од средината на следната година, претседавач на ПСЈИЕ ќе биде Република Северна Македонија.