Недискриминација, различност, инклузија и современите прашања што ги поставува дигитализацијата, се темите кои беа во фокус на денешната средбата помеѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната секретарка на Советот на ЕУ, Марија Пејчиновиќ Буриќ.
На средбата, министерката Костадиновска-Стојчевска ги истакна комплексноста и предизвиците со кои се соочуваат во обезбедувањето целосна инклузивност во законодавството и унапредување на човековите права во земјава на патот кон членство во Европската Унија.
-Разговорот околу донесувањето на Законот за родова еднаквост е од исклучителна важност, чекор кон обезбедување еднакви можности за сите жени, истакна министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска зборуваше за значењето на инклузијата на жените Ромки и револуционерниот Национален акционен план за жените Ромки во нашата држава.
-Мораме да се справиме со брзото ширење на дезинформации и говор на омраза преку дигитални платформи, современ предизвик со кој се борат многу европски земји, рече министерката.
Таа говореше и за потенцијалот за вклучување на Северна Македонија во Културните рути и можностите што ги дава оваа платформа за поврзување на земјите од регионот и Европа.
-Ние сме желни да ја зголемиме нашата културна размена и интеграција, и како такви, со радост ја прифативме поканата да учествуваме на изложбата за дигитална уметност „Слободно да создаваш – создавај за да бидеш слободен“ со две избрани уметнички дела.
Министерката Костадиновска-Стојчевска останува посветена на негување на инклузивна култура и искористување на можностите за културна размена. Таа верува дека ваквите иницијативи ќе промовираат разбирање, еднаквост и напредок додека Северна Македонија продолжува на својот пат кон членство во Европската Унија.