Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд

од admin_kult

Во Камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Институтот „Фејмс“, вечер во 20:00 часот ќе се одржи уникатен музички спектакл под наслов „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа различни музички жанрови, а е инспирирана од џипси музиката.

Како што информираат од Институтот „Фејмс“, на програмата на концертот ќе бидат изведени дела од: Лист, Бизе, Брамс, Барток, Штраус, како и современи дела инспирирани од џипси музиката. Акцент ќе биде ставен на композициите што ќе ги изведе виолинистот Федерико Натан, кој ќе настапи како солист, заедно со гитаристот Жереми Шакр и музичарите Јакопо Мезаноти, Иван Бејков и Филип Динев. Програмата вклучува класични ремек-дела, како: „Втората унгарска рапсодија“ на Лист, избор од „Кармен“ свитата на Бизе и „Романските танци“ на Барток, но и модерни аранжмани на делата од Џанго Рајнхарт.

Институтот „Фејмс“ е еден од водечките центри за оркестарски снимања и музичка едукација во Европа. Лоциран во Скопје, Институтот е посветен на создавање уникатни музички искуства преку едукативни програми, работилници и концерти кои инспирираат млади музичари од целиот свет. Нивните програми нудат можност за професионално усовршување во соработка со водечки уметници и диригенти, промовирајќи ја моќта на музиката како универзален јазик.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе