Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска (25 септември) со почеток во 19:00 часот ќе се одржи пијано-концерт на Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски.
На програмата се дела од Григ, Јанкоски, Леон, Коларовски.
Настанот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам.