„Моцартовите перипетии“ е насловен концертот што ќе се одржи вечер (7 ноември) од 20:00 часот во Филхармонијата, на кој како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија.
На програмата се дела од Моцарт и од Чајковски.
Рускиот виолинист Сергеј Малов е еден од славните виртуози во светот на класичната музика денес. Тој настапувал со повеќе оркестри, меѓу кои: Би-би-си оркестарот во Лондон, Лондонскиот филхармониски оркестар, Оркестарот на Баварското радио, Филхармонијата на Оукленд, Филхармонискиот оркестар на Токио, Филхармонијата на Хелсинки и др.