Во рамките на музичката програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска, вторник (11 февруари), со почеток во 19:00 часот, во фоајето, ќе се одржи целовечерен концерт на оперскиот тенор Илија Белистојаноски во пијано-придружба на Дарко Мариновски. Публиката ќе може да ужива во серија светски познати оперски арии.
Илија Белистојаноски е роден во Прилеп каде што го завршил своето основно образование. Потоа се запишува во Државното музичко училиште во Битола, отсек теорија на музика. Своето понатамошно образование го продолжува на Музичката академија во Штип, во класата на реномираниот оперски пејач, проф. Борис Трајанов.