„Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!“ е наречен концертот на Националниот џез-оркестар што ќе се одржи в петок (24 јануари) во Филхармонијата.
На концертот ќе биде опфатен значајниот биг бенд опус на легендарниот американски музичар, продуцент, композитор, аранжер и еден од најнаградуваните музичари во САД, Квинси Џонс.
Како солисти на концертот ќе настапат истакнати имиња од македонската музичка сцена: Калина Велковска, Светлана Јовановска, Ана Петановска, Дејан Бобиќ-Дексо, Сашо Гигов-Гиш и Џон Илија Апелгрен, а диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.
Плакатот за концертот е со графиката „Шарен џезер“ на академскиот сликар Сергеј Андреевски од циклусот „Џезери“, што ќе биде почеток на визуелна традиција за годинашните настани на Оркестарот.