Квартетот „Куарем“ (Франција, Аргентина, Куба и Реунион) денеска (21 октомври)во 20 часот ќе одржи концерт во Малата сала на Филхармонија.
Квартетот „Куарем“ е невообичаен гудачки квартет формиран од виолинистите Родриго Бауса и Федерико Натан, виолистот Оливие Самуилан и виолончелистот Гијом Латил, кои имаат различна музичка заднина и искуство и како изведувачи и како композитори.
За овој невообичаен ансамбл, диверзитетот на секого од четворицата музичари е неисцрпен извор на инспирација во контекст на композицијата, импровизацијата, ритамот и експресијата. Во проектот „Danzas”, квартетот „Куарем“ создава целосно оригинален репертоар инспириран од традиционалната музика за танц од Аргентина, Франција, Реунион и Куба.
Во овој проект на квартетот „Куарем“ им се приклучува и извонредната перкусионистка Наташа Роџерс.