Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Истанбул на 8 ноември 2024 година со почеток во 19:00 часот ќе се одржи концерт на дуетот „Consonance“.
Дуетот го сочинуваат Ана Митоска – сопран и Јанинка Невчева – пијано. Тие ќе се претстават со дела од Ј. С. Бах, Г. Ф. Хендел, А. Калдара, М. Ламберт, како и од две современи и еминентни македонски композиторки од поновата генерација – Дарија Андовска и Валентина Велковска-Трајановска.