Во КИЦ на РСМ во Софија денеска (27 септември 2021г.), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи концерт за обоа, флејта и харфа. На концертот ќе настапат Владимир Лазаревски (обоа), Елена Дојчинова (флејта) и Љубица Секулиќ (харфа), кои ќе изведат музички дела од Георг Филип Телеман и Јохан Јоаким Кванц.
Настанот ќе се одржи во услови на почитување на сите мерки за справување со КОВИД-19.