Кабарето „Концерт за лажици и гитара“ на театарот „Улисис“ од Хрватска ќе биде изведено вечер во рамките на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА во Драмскиот театар во Скопје.
„Концерт за лажици и гитара“ е под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот „Улисис“ и театарот „EXIT“. Автор на видеото е Хрвое Залукар, а фотографиите се на Сашка Мутиќ.
„Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот, како што се: корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите.