Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава, вечер во 18:00 часот во Македонскиот народен театар ќе присуствуваат на концерт на Оркестарот за џез-музика на РС Македонија.
Концертот се одржува во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Јапонија.
Пред почетокот на концертот, предвидени се и кратки поздравни обраќања на министерот Љутков, комесарот Токура, амбасадорот на Јапонија во С Македонија, Оцука Казуја, како и на заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.
На концертот, Џез-оркестарот ќе изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот Нобуо Ватанабе од Јапонија.