Конститутивна седница на новиот Национален совет за културно наследство

од admin_kult

Во Министерството за култура и туризам се одржа конститутивна седница на Националниот совет за културно наследство како советодавно и координативно тело на Владата на Република Северна Македонија.

Присутните ги поздрави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој ги истакна значењето и функцијата на Националниот совет во однос на следењето, остварувањето и унапредувањето на заштитата и користењето на културното наследство.

На седницата, која помина во пријатна атмосфера, беше усвоен  Деловникот за работа, а членовите на Националниот совет за културно наследство дискутираа и за состојбите со споменичната целина – Скопска тврдина Кале,  како и за регулирање на статусот и ставање во функција на граѓаните.

Советот е составен од 11 члена – докажани поединци од редот на универзитетски професори, стручни лица од областа на заштитата на културното наследство и експерти од различни области на културното наследство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе