Конкурс за преводи на драмски дела на македонски јазик

од admin_kult

Европската мрежа за современа драма и превод – Еуродрам распиша повик за споделување преводи на современи драмски дела од европски и од блискоисточни јазици на македонски јазик.

За 2025 година, Македонскиот комитет на Еуродрам ќе избере три најдобри преводи, кои ќе бидат споделени во мрежата со повеќе од 300 членови и 30 различни јазични комитети. Доколку дозволуваат условите, наградените преводи ќе бидат објавени и/или претставени преку јавни читања во 2025 година и ќе бидат препорачани за сценска изведба. 

Повикот за пријавување преводи на современи драмски дела од македонски на други јазици е објавен на веб-страницата на Еуродрам. Резултатите ќе бидат соопштени на 21 март 2025 година.

Еуродрам има цел да го поттикне преводот на современи драмски дела од Европа, од Централна Азија и од Медитеранот, правејќи ги достапни за театарските професионалци и за публиката, во духот на независноста, рамноправноста и јазичната разновидност. Рокoт за поднесување е 15 јануари 2025 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе