Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет утре (1 февруари), со почеток во 20:00 часот.
Диригент е Ѓурѓица Дашиќ, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт-мајстор е Игор Тодоров.
Солистичката екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Ернес Ибраимовски и Борко Биџовски.