Филмскиот карван на Кинотеката, Кино утро, ќе почне на 9 јануари со играни и анимирани филмови за најмладата публика. До 18 јануари, од 12 часот, ќе се прикажува телевизискиот серијал од 10 епизоди „Зоки Поки“, кој е адаптација на лектирата од писателката Оливера Николова.
– Најмладата генерација филмофили од 13:00 часот, пак, ќе има можност да ги проследи: новите авантури на „Нинџа желки: Мутантски хаос“, норвешкиот „Титина“, германскиот анимиран филм на еколошка тема „Смрдливците – Добре дојдовте во Смрдвил“, рускиот „Мачки во музејот“, „Биби и Боби: Пролетна магија“ – информираат од Кинотеката.