„Кармина Бурана“–во заедничка изведба на филхармониите од Софија, Скопје и Солун

од admin_kult

Македонската филхармонија, заедно со Државниот симфониски оркестар од Солун, Националниот филхармонски хор и Софиската филхармонија, денеска (17 февруари) на сцената на националниот дворец на културата (НДК) во Софија, ќе ја изведат сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров.

На концертот сцената ќе ја делат музичари и солисти од трите земји, а првичната идеја е овој концерт да се повтори и во Скопје и во Солун.

Како солистка ќе настапи нашата сопранистка со интернационалната кариера Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов.

Ова е уникатен настан кој соединува три оркестри од Бугарија, Македонија и Грција. Концертот е симбол на културната соработка во регионот и ветува дека ќе биде возбудливо искуство за публиката.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе