Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, како дел од меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија, објави повик за учество во проектот „Кадар-на“.
Според организаторите, учесничките ќе имаат можност да следат пет онлајн работилници со експертки од филмскиот свет, конференции во Нови Сад и во Битола, три мастер-класови, менторска програма и претставување.
-ИФФК „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор. Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за да се оствари поголемо социо економсковлијание. Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е наменета за нови и млади уметници, филмски работнички кои сакаат да ги усовршат своите знаења и вештини со поддршка од истакнати експерти од филмскиот свет, преку онлајн работилници и интензивна менторска програма, соопштија од ИФФК „Браќа Манаки“.
Проектот „Кадар-на“ е во заедничка реализација на Филмскиот фестивал во Нови Сад и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ Битола.