Почина Љубиша Никодиновски – Биш, театарски актер и продуцент, и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ).
Никодиновски – Биш како тетарски актер работел во театарот „Кај Свети Никита Голтарот” и во „Тетарската работилница ФФ (Зелена гуска)” како еден од нејзините основачи и како продуцент.
Се занимавал и со театарска критика и есеистика. Автор е на голем број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 година, во издание на „Магор” излезе од печат и неговата книга „Алтернативниот театар во Македонија”.
Љубиша Никодиновски – Биш извршувал и повеќе раководни функции во областа на театарот. Работел во „Македонски народен театар” како продуцент и како раководител на театарот „Центар”. Бил и еден од основачите на фестивалот „Млад отворен театар”, а бил прогласен и за негов почесен претседател.
Тој бил еден од основачите и генерален секретар и на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско.