Имаме можности за развој на односите во културата и туризмот со Литванија

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари средба со шефицата на канцеларијата во Скопје на Амбасадата на Република Литванија со седиште во Загреб, Вилма Дамбраускас.

Во пријатна атмосфера, соговорниците заклучија дека има простор и отворени можности за интензивирање на односите во областа на културата и туризмот.

Министерот Љутков и госпоѓа Дамбраускас изразија подготвеност за поддршка на конкретни активности кои би биле дел од прославата на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете држави што би се реализирале следната година.

Во пресрет на манифестацијата Скопје – Европска престолнина на културата, Дамбраускас понуди соработка за споделување на литванските искуства од проектите реализирани во градот Каунас, кој во 2022 беше Европска престолнина на културата.

На средбата стана збор за подготвеноста на двете страни за продлабочување на соработката во насока на размена на музички ансамбли и репродуктивни уметници, отворање можност за меѓуинституционална соработка на музеите за современа уметност и националните галерии на двете земји, како и отворање можност за поддршка на преводи на автори од двете држави.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе