Изложба по повод 61 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје

од admin_kult

Во Музејот на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ по повод одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година.

Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот.

Изложбата е посветена на културата и културните институции, на последиците од земјотресот и на нивното функционирање во постземјотресни услови.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе