Како дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија, вечерва од 19:00 часот во НУ „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на тројца автори: Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов. Изложбата се состои од над 30 сликарски дела во различни формати и техники. Поголем дел од сликите беа претставени во КИЦ на РСМ во Софија минатата 2020 година, како посебни самостојни изложби. Оваа изложба ги обединува ликовните дела на авторите кои се од РС Македонија, но кои живеат и работат во Бугарија, тоа се Марјан Ѕингаров (Струмица) и Иво Пецов (Виница), и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија.
Марјан Ѕингаров (1976, Струмица) во Куманово учествува со делата насловени како „Изгубени простори“, со кои го претставува најкарактеристичното од своето творештво во последните неколку години.
Свилен Стефанов (1966, Софија) е ликовен уметник, историчар на уметноста, критичар и куратор. Живее и работи во Софија.
Иво Пецов (1980, Кочани) своето академско образование го завршил во Софија, а како уметник е активен со многу учества на групни изложби, во различни градови во Македонија, Бугарија, Романија, Португалија, Шпанија.