ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФОТ ИВАН ИВАНОВ ОД ВЧЕРА ВО МКЦ

од admin_kult

Во Младински културен центар во Скопје беше отворена изложба на фотографии на македонскиот фотограф Иван Иванов, кој работел за српските неделници „Дуга“ и „Практична жена“, кои излегуваа во поранешна Југославија.

Иванов фотографирал модни ревии на брендови како „Пјер Карден“ и „Живанши“ и актерите и режисерите кои доаѓале на ФЕСТ и БИТЕФ. Негови фотографии се објавувани и во весниците „Политика“, „Ослобоѓење“ и „Дело“ и во забавните списанија „Екран“ од Скопје, „Студио“ од Загреб, „Стоп“ од Љубљана и други.

Промотор на изложбата е Владимир Галевски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе