Изложба на фотографии од црквите во Охрид

од admin_kult

„Низ фотографскиот објектив на ’Македонида‘, уметноста на средновековните цркви во Охрид и Охридско“ е насловот на изложбата на фотографии што ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Музејот на град Скопје. На настанот ќе биде промовирана и веб-страницата „Регистар на средновековни цркви во Охрид и Охридско“.

Изложбата ја организира Гордана Велков од Здружението на граѓани „Македонида“, а е поддржана од Министерството за култура. Стручен соработник е м-р Владимир Таневски, а фотографиите се на д-р Мишко Тутковски.

Фотографиите од изложбата се објавени во книгата „Седум цркви во Охрид“ (Seven Churches in Ohrid), издадена од „Македонида“ во 2022 година. Истражувањето и подготовката на веб-страницата за регистар на византиските цркви во Охрид е проект поддржан од Фондацијата „Ричард Х. Драјхаус“ од Чикаго, САД.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе