Академскиот сликар Ферди Булут на 20 септември, со почеток во 18 часот, ќе има самостојна изложба со наслов „Широк сокак во боја“ во просториите на КИЦ (Офицерски дом) во Битола.
Авторот појаснува дека станува збор за циклус визуелни решенија презентирани преку женското битие, односно преку визуелен приказ на жената со користење на постапката осветлување, наспроти колористичната симбиоза на композициите.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура во рамките на проектот „Култура во лето“.
Ферди Булут е македонски сликар од помладата генерација. Изложувал дома, но и во Австрија.