Во Мобилната/монтажна галерија на Центарот за современи уметности во Паркот на франкофонијата денеска, 23 август 2023 година, во 19:30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на скулпторот Озбек Ајваз со наслов „Мрак“.
Во рамките на изложбата ќе бидат поставени скулптури изработени во апстрактна и геометриска форма од рециклирано железо. Неговиот уметнички израз е под влијание на Пабло Пикасо, Александар Архипенко, Марсел Дишан и Џулио Гонзалес.
Озбек Ајваз е роден во 1999 година во Скопје. Дипломирал на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Факултет за ликовни уметности во Скопје, на отсекот Вајарство со модул сценографија во 2021 година, под менторство на проф. м-р Жарко Башески и проф. м-р Беди Ибрахим. Во периодот 2019 – 2023 г. учествува на повеќе групни изложби, симпозиуми и колонии во: Македонија, Турција, Косово и Црна Гора.
Во 2021 г. ја добива наградата за надежен млад уметник во Истанбул, Р Турција.
Изложбата е финасиски поддржана од Министерството за култура на РСМ.