Во пресрет на 11 Октомври, еден од најголемите национални празници, во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски во рамките на настанот „Октомвриска вечер: Прослава на уметноста, поезијата и виното“ што ќе се одржи утре, 10 октомври, со почеток во 18:30 часот.
Во рамките на овој настан, тројца актери од Прилепскиот театар – Даниела Иваноска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски – ќе рецитираат поезија од Петре М. Андреевски и од Светлана Христова-Јоциќ.