Во Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани денеска, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи изложба на делата од Триесет и петтата ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“.
– За 36 години од постоењето во работата на Колонијата учествувале над 350 ликовни творци од сите континенти кои оставиле впечатливи и уникатни дела во манастирската збирка кои го носат печатот и особеностите на културата на земјите од кои доаѓаат уметниците. Делата од Колонијата се изложени во манастирот со постојана поставка, низ институциите во градот, а се подарени слики на републичките институции и на Музејот за современата уметност во Скопје– информираат организаторите.