Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на слики со наслов „Ad TERRA“ од ликовниот уметник Валмир Азири.
Валмир Азири дипломирал и магистрирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот за графички дизајн, во класата на професор Сафет Спахиу. Тој е член на Здружението на ликовните уметници и досега реализирал повеќе независни изложби, а учествувал и во повеќе групни изложби.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 13.11.2024 година.