Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Република Турција, денеска (16 октомври) во 14:00 часот ќе биде отворена самостојна изложба на слики од академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски- Бабата, со наслов „Космички бумеранг”.
Во рамките на изложбата, која е дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година, ќе бидат претставени 20-ина дела во вид на компактна колекција со наслов „Космички бумеранг”.
Зоран Арсовски-Бабата досега има реализирано 13 самостојни изложби, а со свои дела учествувал и на повеќе меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти и симпозиуми во земјава и во странство.